петок, 18 октомври 2024

Анкара: Турските сили неутрализираа пет терористи

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека операцијата била спроведена во планинската област Метина со учество на турските воздухопловни сили.

„Турската војска ја продолжува решителната борба против терористите на ПКК во Ирак. Во воздушната операција неутрализирани се петмина терористи откриени во регионот Метина. Нашите турски вооружени сили одлучно ќе продолжат со операциите додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, се наведува во соопштението од Анкара.

Како што додава турската новинска агенција, ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на списокот на терористички групи во Турција, Европската Унија и САД, а во текот на повеќедецениската кампања против Турција, терористите на ПКК убиле најмалку 40.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ