сабота, 27 јули 2024

Анкара под вода, градскиот сообраќај е нарушен, најавени се нови врнежи (ВИДЕО)

Главниот град на Турција, Анкара, синоќа го зафатиле обилни поплави, а властите предупредуваат на нови врнежи дожд. Главните сообраќајници во Анкара се претвориле во реки, а силен дожд паѓа во цела централна Турција.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Поплавени се продавници и подруми на куќи, а на снимките на социјалните мрежи се гледа како надојдената вода носи автомобили.

Поплавите го нарушиле и нормалното функционирање на анкарското метро, објавија синоќа властите, додавајќи дека од безбедносни причини на одредени линии на метрото е исклучена струјата.

Во тек се работите на враќање на услугата на градскиот превоз. Турската метеоролошка служба предупреди на продолжување на обилните врнежи и во Анкара и во останати делови на Анадолија.

Се очекува невреме и на Црно Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ