сабота, 27 јули 2024

Анкара: Мосад во Белград обучувал турски детектив да шпионира во Турција

Турската полиција уапси седум лица, меѓу кои и приватен детектив, осомничени дека ѝ продавале информации на израелската разузнавачка служба Мосад, соопшти вчера турската разузнавачка служба.

Објавено на

часот

Сподели

Детективот, кој е поранешен јавен службеник, е осомничен дека собирал информации за компании и поединци од Блискиот Исток во Турција со поставување уреди за следење и надзор, соопшти разузнавачката служба МИТ.

На видеото објавено од Министерството за внатрешни работи се гледа како полицијата врши рации во домовите во Истанбул и запленува оружје, дрога и електронски уреди. „Никогаш нема да дозволиме да се вршат шпионски активности во границите на нашата земја. Ќе ги фатиме еден по еден и ќе ги изведеме пред лицето на правдата“, објави на мрежата Икс министерот за надворешни работи Али Јерликаја.

Според соопштението на МИТ, турскиот детектив бил обучен од Мосад во Белград, Србија, и примал плаќања во криптовалути.

Во јануари, турскиот суд нареди апсење на 15 лица и депортација на уште осуммина под сомнение дека се поврзани со Мосад и дека таргетирале Палестинци што живеат во Турција. Во февруари Турција уапси седум лица осомничени дека му продавале информации на Мосад.

Турција го предупреди Израел на „сериозни последици“ доколку се обиде да ги лови членовите на Хамас што живеат надвор од палестинската територија, вклучително и Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ