сабота, 27 јули 2024

Анима мунди се сомнева во незаконско убивање кучиња во струмичкиот стационар

„Во изминатиот период испративме барања за информации од јавен карактер до ЈП Лана во кои побаравме транспарентност во однос на третманот на кучињата. Побаравме од нив да ни ја достават комплетната документација за сите кучиња кои ЈП Лана ги еутаназирала во 2023 година и доказ дека на сите кучиња пред да посегнат по одземање на нивниот живот им се дала шанса за вдомување, спасување како што ги обврзува Правилникот за прифатилишта пред истекот на 30 дневниот престој“, соопшти здружението Анима мунди и додаде дека оскудниот одговор раѓа сомнежи.

Објавено на

часот

Сподели

„Од ЈП Лана добивме оскуден одговор дека одбиваат да ни ги испратат зашто тие информација биле во сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство, институцијата што очигледно го штити ова претпријатие поради политички побуди. Нашето здружение поднесе жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и истата беше УВАЖЕНА, но од ЈП Лана уште не добивме одговор.

Дали одбивањето да се дадат информации, молкот подразбира дека сите кучиња убиени од страна на ЈП Лана, фрлени да скапуваат во јама се бесправно убиени? Кои сте вие да одлучите да одземете нечиј живот без да дадете шанса истиот да се спаси? Сите животни што сте ги одзеле ниту една посета на АХВ нема да ги избрише! Ги повикуваме сите граѓани, да спречиме раѓање на уште еден монструм. Не ни треба ново Вардариште ниту Крсто од Штип!

Утре во 12 часот пред Општина Струмица за заедно да покажеме дека сме цивилизирано општество, дека секој живот е важен, дека бездомните имаат право на шанса за живот и дека не се ѓубре што треба да заврши во јама“, се вели во реакцијата на здружението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ