На фотографијата се гледа дека заменик директорот носи и пушка со снајперски дурбин и стои покрај мртва мечка, во снег, среде шума.
Дранго за ТВ Телма изјави дека мечката била усмртена при сообраќајна несреќа и најави дека случајот ќе мора да заврши со судски процес.
„Сега пред еден месец имав случка и слика со мечка која на патниот правец Битола-Ресен беше усмртена при сообраќајна незгода. Па како вработен во Македонија пат бев таму за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста Ротино, Битолско. Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, изјави Сашо Дранго, заменик директор на Македонија пат.
Според Законот за дивеч и ловство мечката како дивеч е под заштита и секое нејзино ловење, прогнување или вознемирување е строго забрането.