петок, 18 октомври 2024

Aнима мунди: Локален психопат во Визбегово со воздушна пушка пука по мачки и кучиња

Видете ги овие грозоморни фотографии: кошмар преживуваат животни и жители на Визбегово од локален психопат кој стрела по живи мети, сакати и убива со оружје – воздушна пушка за коjа, согласно евиденцијата на куршумите, мора да се поседува дозвола и да биде регистрирано. Еден мачор стрелан кој со последни сили, избезумен се вратил во својот двор, со раскината нога до карлица/колкот која морала да му се ампутира веднаш за да се спаси; другата мачка погодена во гради, распрснат куршум за која е интервенирано веднаш, и која има невидена среќа во несреќа што е жива, велат од здружението за заштита на животните Анима мунди.

Објавено на

часот

Сподели

Случајот е пријавен во полициската станица Чаир. Вакво дело може да направи само безумен човек, садист и монструм, кој е неопходно итно да биде идентификуван и затворен, спречен да продолжи и понатаму, велат од Анима мунди и додаваат дека со вакво оружје може да се повреди и дете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ