сабота, 27 јули 2024

Анима Мунди бара АХВ да ја поништи одлуката да се убиваат кучиња заболени од лишманија

Во ниту една друга соседна или европска држава не е задолжително тестирањето на бездомните животни за лишманија, и ниту една друга држава не предвидува мандаторна смртна казна на кучињата, освен во Македонија, лулка на безредие и суровост, велат од Анима мунди во денешното соопштение испратено до јавноста откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донела одлуката за убивање на секое бездомно куче кај кое се детектира лишманија.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да дозволиме АХВ да убива кучиња! Бараме АХВ итно да ја измени Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2024 година и да ја исфрли одлуката за убивање на секое бездомно куче кај кое се детектира лишманија! Информираме дека до директорот Бабовски, министерот на МЗШВ доставивме барање за итна измена на истата, заедно со прилог од научни истражувања, анализи, факти и препораки од светски научници од областа, образложенија зошто еутаназијата на овие кучиња е неоправдлива, ирационална и штетна од здравствен, етички и економски аспект. Не им е гајле. Во повеќе наврати бараме средба на што немаме ниту одговор, иако сме репрезенти на сериозна бројка граѓани кои најостро се противат на ваквата суровост и самоволие. Доколку нема интерес и начин ова прашање да биде решено хумано и конструктивно, нашите барања ќе ги застапуваме пред институцијата, на улица“, велат од Анима мунди.

Оттаму тврдат дека АХВ не го консултирала ниту Институтот за јавно здравје.

„Согласно епидемиолошката слика која според Институтот за јавно здравје не е алармантна но бара континуирано следење и држење на заболувањето во фокус и за превенција на истата се бара континуирана координација на хуманото и ветеринарното здравство, нешто што очигледно не е пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство и истото го потврдија од Центарот за јавно здравје. Со манипулација дека се постапува во интерес на граѓаните, без притоа да ги инволвирале институциите од областа на хуманата медицина, директорот Бабовски и АХВ зацртале дека и за 2024 година одлуката ќе подразбира тестирање и убивање на кучиња и така ќе нѐ спасат. Ја прашуваме АХВ по какви препораки се водат и вака одлучуваат по однос на живот на живи битија, кои успешни практики ги следат и практикуваат, кој модел, по примерот на која држава? Оваа сурова одлука е бесмислена до толку што АХВ ги убива бездомните кутриња со детектирана инфицираност а се здрави и тогаш кога постои вдомувач за истото куче, но ги поштедува сите сопственички кучиња кои се носители на истата“ , велат од Анима мунди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ