„Не сум сопственик, ниту сум имал ниту имам некаква сопственичка врска со Фени и Еуроникел и антикорупциска комисија си има документи од кои се гледа кој е сопственик. Тие документи се наоѓаат во Централен регистар и секој граѓанин може да ги види. Не можам да разберам зошто Ивановска го зборува ова”, прашува Анѓушев.
И во телефонски разговор со претставник од Фероинвест кој ѝ предочи дека податокот не е точен, Билјана Ивановска продолжи да застапува став дека Анѓушев е сопственик, потоа дека нејзината изјава не е од значајна важност, па сѐ до ставот дека не мислела на начин како што ја изнела изјавата.
Сметаме дека е важно да се знае каде на други места Билјана Ивановска дала ваква погрешна информација и тврдења за Кочо Анѓушев, пред кои институции, пријателски држави и други инстанци, се вели во соопштението на Фероинвест.