сабота, 27 јули 2024

Англија убедлива против БиХ, Германија и Украина одиграа натпревар без голови (ВИДЕО)

Англија со 3-0 ја доби пресметката против БиХ во првиот контролен натпревар пред ЕВРО 2024, Германија и Украина одиграа само 0-0.

Објавено на

часот

Сподели

Англија имаше успешен старт на подготовките за Европкското првнество, избраниците на Саутгејт вечерва славеа со 3-0 против БиХ.

Откако во првото полувреме не беа искористени неколку добри шанси, резултатот беше отворен по еден час игра, Палмер од пенал погоди за 1-0.

Александер Арнолд во 85. минута атрактивно со волеј од косо зголеми на 2-0, а пред крајот на натпеварот, Кејн се снајде по една мешаница и ја затресе мрежата за 3-0.

Германија ќе треба да ја подигне голгетерската формата откако одигра само 0-0 против Украина.

„Панцерите“ се домаќини, се очекува многу од нив, но вечерва имаа проблем со реализацијата, па иако упатија дури 26 удари, не успеаја да ја затресат мрежата на противникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ