четврток, 27 март 2025

Англија убедлива и против Летонија, нова победа под водство на Тухел (ВИДЕО)

Англија лесно ги освои трите бода од дуелот со Летонија совладувајќи ја со убедливи 3-0.

Објавено на

часот

Сподели

Два од два за Томас Тухел на стартот од селекторската кариера, по победата над Албанија, денеска Англичаните триумфираа и над Летонија.

Летонците со сите сили се бранеа, но не успеаа да се одбранат. Резултатот го отвори Рис Џејмс од слободен удар во 38. минута.

На вториот гол се чекаше до 68. минута кога по една одлична акција Кејн погоди за водство од 2-0.

Осум минути подоцна Езе ги постави конечните 3-0 за Англија.

Со 3-0 победи и Албанија против Андора, Романија со 5-1 славеше на гостувањето кај Сан Марино, Полска со 2-0 беше подобра од Малта, Босна и Херцеговина со 2-1 го доби дуелот со Кипар, а нерешено заврши мечот меѓу Литванија и Финска, 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ