сабота, 19 октомври 2024

Англија се пласира на ЕП, Србија освои клучни три бода против Црна Гора (ВИДЕО)

Англија со 3-1 го доби дербито против Италија и се пласираше на Европското првенство, Србија со истиот резултат ја совлада Црна Гора и дојде на милиметри до целта.
 

Објавено на

часот

Сподели

Италија поведе на Вембли со 1-0 во 15. минута од натпреварот, Скамака беше стрелец на голот. Почеток каков што само можеа да посакуваат азурите, но во продолжение работите се променија.

Хари Кејн од пенал во 32. минута изедначи на 1-1, со тој резултат се замина на одморот.

Во 57. минута по една убава акција, Рашфорд постигна гол за комплетен пресврт и водство на Англија од 2-1. Во 57. минута Хари Кејн даде уште еден гол и ги постави конечните 3-1.

Исто беше на вториот дуел од нашата група, различно беше само што гостите ја однесоа победата. Малта поведе со 1-0, Украина победи со 3-1.

Интересно беше на дуелот меѓу Србија и Црна Гора каде Србите победија со 3-1. Два гола за домаќините даде Митровиќ, а еден Тадиќ. Погодокот за Црногорците го постигна Јоветиќ.

Србија до крајот има уште еден меч, против Бугарија на свој терен, доволен им е само бод за да го заверат пласманот на Европското првенство.

И Словенија е на чекор до Европското првенство откако со гол на Гнезда Черин во 5. минута, со 1-0 славеа на гостувањето кај Северна Ирска.

Во останатите денешни натпревари, Данска со 2-1 славеше кај Сан Марино, Литванија и Унгарија одиграа 2-2, а Казахстан со 2-1 победи во Финска.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ