сабота, 19 октомври 2024

Англија ќе ја пречекаме на нов, модерен терен (ФОТО)

Лошиот терен на Националната арена со кој добро се посрамотивме во фудбалскиот свет, ќе биде минато, почнат е процес за нова тревна подлога која треба да биде подготвена за дуелот со Англија во ноември.
 

Објавено на

часот

Сподели

На 20. ноември оваа година репрезентацијата на Англија ќе ја пречекаме на нов, современ терен. Процесот на поставување на новата тревна површина е започнат.

„АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката  во соработка со ФФМ отпочнува процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е изведено во 2012 година. 

Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова, најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции. 

Дополнително, пред поставување на тревната површина АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор активно работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште. 

Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакнато кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран. Новите услови на Националната арена  ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал  и генерално, се во насока на успешно развивање на спортот во Македонија“, стои во соопштението на АД за изградба и стопанисувањ со станбен и деловен простор.

Македонската репрезентација против Италија играше на ужасен терен кој беше споредуван со ораница во италијанските медиуми. Гласните критики кои ги добивавме ширум светот, допринесоа за реакција на надлежните институции.

s

s
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ