четврток, 17 октомври 2024

Англија го промовираше Тухел, новинарите веднаш го прашаа Германецот: Дали ќе ја пееш химната?

Томас Тухел попладнево беше промовиран како наследник на Герет Саутгејт на кормилото на „трите лава“ а новинарите не чекаа многу и веднаш прашаа дали Германецот ќе ја пее англиската химна.

Објавено на

часот

Сподели

Томас Тухел е изборот на ФА за нов селектор на Англија, одлука која наиде на доста критики, многумина сметаат дека Англичанец треба да биде на кормилото на националниот тим, а не странец.

Стратегот попладнево беше промовиран пред медиумите и новинарите веднаш му поставија прашање кое креираше многу контроверзии изминатиов период.

Привремениот предводник на „трите лава“, Ли Карсли не ја пееше химната, па беше побарано од Томас Тухел да каже како тој ќе се однесува.

„Од разговорите, добив впечаток дека ова е лична одлука, некои ја пеат, други пак не ја пеат химната. Не сум донел одлука. Вашата химна е многу трогателна, имав прилика да ја искусам тука на Вембли во финалето на ФА Купот. Во секој случај, ќе покажам почит кон една навистина трогателна химна. Секогаш ќе покажувам почит кон мојата нова функција и кон целата земја“ – вели Германецот.

Запрашан што има да им каже на навивачите кои не се сложуваат со тоа странец да биде селектор на Англија, Томас Тухел вели: „Жал ми е што има германски пасош. Можеби навивачите ја почувствувале мојата пасија кон Премиерлигата и оваа земја, колку обожавам да живеам и работам тука. Се надевам дека ќе можам да ги убедам и да им покажам колку сум горд на тоа што станав селектор на Англија. Навистина сум горд“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ