сабота, 27 јули 2024

Англеовска-Бежоска: Инфлацијата е во тенденција да стане едноцифрена

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на геополитичките случувања, ризиците околу проекцијата за инфлацијата и натаму постојат, но засега проекциите на МФИ предвидуваат поголем пад на цените на примарните производи, што упатува и на одредени надолни ризици. Потребно е и внимателно следење на сите мерки коишто влијаат на агрегатната побарувачка“, истакнала Ангеловска- Бежоска.

Во моментов, надворешната позиција на домашната економија во овој циклус се оценува како поповолна, при значително помал притисок врз тековната сметка во 2023 година, пред сѐ заради падот на цените на енергентите, рече таа и оцени дека ова позитивно се одразува на девизните резерви дека тие и натаму ќе растат на збирна основа и ќе се задржат на соодветно ниво, што е потребно за одржување стабилен курс на денарот.

Ангеловска-Бежоска е осврнала и на очекувањата за економската активност при што посочила дека растот на македонската економија годинава се очекува да изнесува 2,1 процент, а на среден рок би забрзал на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година.

„Растот на економијата ќе продолжи да биде поддржуван од банкарскиот систем со стапка на кредитен раст од 5,7 проценти во 2023 година. На среден рок се очекува забрзување на растот на кредитната активност, согласно со очекувањата за подинамичен економски раст и стабилизација на очекувањата. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, кој е главен извор на финансирање. Годинава се очекува забрзување на растот на депозитите кој би изнесувал 6,9 проценти, како и натамошен солиден раст во следните години, заедно со закрепнувањето на домашната економија и зголемена куповна моќ на населението“, информирала гувернерката на состанокот со дипломатскиот кор и меѓународните финансиски институции.

На настанот, што се организира редовно по секој нов циклус макроекономски проекции на централната банка, присуствувале претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Словачка, Бугарија, Холандија, Кина, Италија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Косово, Шведска, Унгарија, САД, Грција, Германија и Словенија.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ