четврток, 2 јануари 2025

Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на Брако

Сопствениците и менаџери на Брако, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, предновогодишно ги посетија производните погони во фабриката и на сите работници им посакаа среќни празници и добро здравје во новата 2025г, лична и семејна среќа, заеднички деловен успех и нов елан на работните места за новите проекти на Брако.

Објавено на

часот

Сподели

Фабриката Брако ја заврши 2024 година со позитивни резултати, и покрај економската криза во Европа која погоди дел од западноевропските клиенти на компанијата, како и кризата со производството на жица предизвикана, пред сѐ, од војната во Украина, која беше извор на евтина суровина, и европските економски санкции кон трети држави.

Од друга страна, во 2024 година Брако успеа значајно да го зголеми производството и продажбата на возилата за чистење Грин машинс, да одржи стабилно производство на медицински мебел за странски брендови, и да произведува автоматизирани машини за клиенти од развиените земји.

2025 година се очекува да донесе ширење на производите на Брако на светскиот пазар, но и борба за зголемување на вкупниот македонски извоз, како клучна основа за економски развој на нашата држава, а со тоа и поголем стандард за нашите граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ