На Илинска Планина пожарот трае веќе десетина дена, а попладнево активни се два крака од пожарот.
Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните на исклучителна внимателост поради опасноста од пожарите.
И временската прогноза не дава надеж дека огнената стихија ќе се смири. Од понеделник повторно се очекуваат температури и над 40 Целзиусови степени.