Ако заврне дожд, ќе бидат во голема мерка скратени нашите маки, вели Ангелов.
Во билтенот на ЦУК, направен малку по 16 часот, се вели дека активни се 11, а не 13 пожари, што би значело дека во меѓувреме, додека е снимана изјавата на директорот, изгаснати се два пожари. Под деумна контрола е еден крак на пожарот кај Јасен, делумна контрола се има и на Галичица.
Сложени за гаснење се следните активни пожари:
1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – викенд населба Белица (борова шума);
2. Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума);
3. Општина Долнени 1: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
4. Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);
5. Општина Кичево 1: с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);
6. Општина Кичево 2: с.Патеец – с.Козичино – с.Дупјани, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);
7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
8. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума);
9. Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума);
10. Општина Долнени 2: с.Небрегово (нискостеблеста шума) –префрлен од Општина Чашка од планина Мукос;
11. Општина Росоман: с.Сирково (нискостеблеста шума и сува трева).
Под контрола се шест пожари:
1. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (мешана шума);
2. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума);
3. Општина Македонски Брод 2: с.Девич м.в.Вртешка (мешана шума);
4. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);
5. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
6. Општина Чашка: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума);