сабота, 27 јули 2024
МВР, МЗ, Град Скопје, Општина Центар... знаеле, ама не реагирале

Ангелов пред повеќе од година предупреди, а денес се урна потпорниот ѕид кај Детска клиника (ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Се урнаа потпорниот ѕид и оградата на Клиничкиот центар на улицата Белградска во близина на Детската клиника во Скопје (делот кон Водно). Иако директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) пред повеќе од една година предупреди и ги известил МВР, МЗ, Град Скопје, Општина Центар и другите надлежни институции, никој до сега не направил ништо, па денес се урна ѕидот.

Објавено на

часот

Сподели

Уривањето на ѕидот е пријавено претпладнево, а првично се претпоставува дека причината се подземни води.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека ситуацијата била алармантна и пред година и пол кога тој ги известил Министерството за здравство, Град Скопје, МВР, општина Центар и други институции, но никој не реагирал.

„Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на сите потребни мерки. После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицијата, по што можна е поголема трагедија. Од страна на ЦУК во повеќе наврети е инвертернирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претрпијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Дел од ѕидот заврши на улицата, а дел во дворот на Клинички центар, на паркинг кој е пдо самата ограда. Автомобили и понатаму се движат по улицата и по инцидентот, а во близина се наоѓа и службениот влез на Клинички центар, најблискиот влез за Детска клиника.

Центарот за управување со кризи информира дека е накосен целиот потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар и проблем се подземните води. Под улицата има цел сплет на одводни канали и инфраструктура, но Ангелов изјави дека никој не знае во чија сопственост и надлежност се. Тие канали се пзатнати и неисчистени поради што подзмените води од Водно се спуштаат директно кон потпорниот ѕид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ