Уривањето на ѕидот е пријавено претпладнево, а првично се претпоставува дека причината се подземни води.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека ситуацијата била алармантна и пред година и пол кога тој ги известил Министерството за здравство, Град Скопје, МВР, општина Центар и други институции, но никој не реагирал.
„Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на сите потребни мерки. После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицијата, по што можна е поголема трагедија. Од страна на ЦУК во повеќе наврети е инвертернирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претрпијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Дел од ѕидот заврши на улицата, а дел во дворот на Клинички центар, на паркинг кој е пдо самата ограда. Автомобили и понатаму се движат по улицата и по инцидентот, а во близина се наоѓа и службениот влез на Клинички центар, најблискиот влез за Детска клиника.
Центарот за управување со кризи информира дека е накосен целиот потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар и проблем се подземните води. Под улицата има цел сплет на одводни канали и инфраструктура, но Ангелов изјави дека никој не знае во чија сопственост и надлежност се. Тие канали се пзатнати и неисчистени поради што подзмените води од Водно се спуштаат директно кон потпорниот ѕид.