петок, 17 мај 2024
Реакција на претседателот на Достоинство

Ангелов до министерката Петровска: Не ВМРО-ДПМНЕ, туку Ахмети и УЧК ја почнаа војната во 2001

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале затоа што ВМРО-ДПМНЕ во 2001 година, но и денес посакува војна, напиша на својот фејсбук профил, претседателот на Достоинство, генерал Стојанче Ангелов реагирајќи на овој став на Петровска кажан на митинг, на 28 април, денот кога се навршиа 23 години од масакрот кај Вејце во кој згинаа осум припадници на безбедносните сили на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Во својата реакција, Ангелов пишува дека војната во 2001 година ја започна таканаречената ОНА или УЧК која во своето комунике број 4 јасно кажа дека нивна цел е ослободување на вековните албански огништа од славомакедонскиот окупатор.
„Со оглед дека вооржените дејствија се одвиваа во тетовскиот, скопскиот и кумановско – липковскиот регион се доаѓа до логичен заклучок дека според УЧК оваа територија е нивна, а тие за да ја ослободат започнаа со напади и убивања на припадниците на македонските безбедносни сили а подоцна и на цивили Македонци.
Впрочем и тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон најдобро опиша со кого си имаме работа дефиниријаки ги УЧК како убијци и разбојници. Значи министерке Петровска, не ВМРО-ДПМНЕ туку Али Ахмети и УЧК започнаа долго и внимателно подготвувана војна за да отцепат дел од македонската територија. Но ние, македонските бранители од 2001, тоа не им го дозволивме. Не дозволивме да биде отцепена ниту една педа македонска земја“, напиша Ангелов на својот фејсбук профил.
Во неделата, на 28 април, на денот кога се навршија 23 години од маскрот кај Вејце, министерката за одбрна, Славјанка Петровска на митинг кажа дека причина за маскарот е тоа што ВМРО-ДПМНЕ сакала војна.
„Денеска се навршуваат 23 години од загинувањето на припадници на безбедносните сили кај Вејце. Загинаа затоа што ДПМНЕ и тогаш, а за жал и денес, посакува војна“, кажа Петровска на митингот.
На 28 април 2001 година, се случи еден од најтешките настани од поновата македонска историја, масакрот кај селото Вејце, кога од припадници на терористичката паравоена формација ОНА од заседа беа нападнати и запалени осуммина припадници на безбедносните сили на Македонија.
Во масакрот загинаа, Игор Костески, Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Марјан Божиновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ