„На вчерашната коалициска средба, меѓу другото, разговаравме и за проблемот што ги мачи петаесет семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди. Претходно, и од премиерот и од клучните министри имавме поддршка, со тоа што оваа иницијатива во следните денови ќе биде сериозно разгледана и се надевам на позитивно решение во разумен временски рок. Значајно е да истакнеме дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети е подготвен за разговори во врска со оваа наша иницијатива“, рече Ангелов.
Ангелов посочи оти е оптимист дека оваа иницијатива ќе биде прифатена од Владата, но како што рече, доколку Владата ја отфрли иницијативата на Достоинство, истиот ден ќе ја напуштат владината коалиција.