сабота, 27 јули 2024

Ангелов: Ги повикувам Албанците да не го поддржат протестот против крстот на Попова Шапка

Колку помалку наши сограѓани Албанци дадат поддршка на денешниот протест против крстот на Попова Шапка, толку поголемо ќе биде моето уверување дека има надеж за натамошно помирување и заеднички (со)живот со Албанците во Македонија, напиша Стојанче Ангелов, претседателот на Достоинство, во врска со за денеска најавените протести во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

„Инаку, денот времето и местото на протестот после пладневната петочна молитва во Тетово се намерно избрани да повлечат што повеќе луѓе.

Затоа во име на нашата заедничка иднина ги повикувам нашите сограѓани Албанци да не даваат поддршка на овој протест и да не подлегнуваат на провокации кои некој свесно намерно и упорно ги предизвикува подолг период“, напиша Ангелов на својот фејсбук-профил.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ