петок, 10 јануари 2025

Ангел Димитров: Во Македонија никој не ја разбира важноста на заедничката комисија за интеграцијата во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

По последната средба на историчарите од заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања помеѓу Бугарија и Македонија, копретседателот на оваа комисија Ангел Димитров рече дека не е баш пријатно тоа што таму се случува.

„Не е пријатно да се зборува за работа на едно тело кога таму ништо и не се случува. Нема резултати. За темите на кои работиме досега не сме го постигнале саканиот резултат. На пример, досега најмногу време поминавме за заедничката позиција како да биде претстваена Охридската архиепископија, но и за тоа немаме договор“, изјави пред два дена Димитров.

Прашан дали македонските колеги го знаат значењето на работата на оваа заедничка комисја во однос на актуелните преговори за членство во ЕУ, Димитров одговори дека не сака да коментира за тоа и додаде дека „многу поважно е дали РСМ ја сфаќа важноста на работата на оваа комисија, тоа е големото прашање“.

За Бугарија проблем е и утрешната прослава на Македонската православна црква на првата годишнина од предавањето на томосот на Српската православна црква за признавањето на МПЦ. На Бугарите уште потешко им паѓа и тоа што прославата ќе се одржи во црквата Света Софија во Охрид, која за нив е „неделив дел од бугарската историја“.

п

За историчарот Пламен Павлов и оваа прослава е дел од „антибугарската хистерија“ во Македонија. Тој во изјава за БГНЕС вели дека сегашната администрација на „Северна Македонија – претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, очигледно сакаат да влезат во ЕУ само со зборови, а во пракса бараат каков било повод за антибугарска хистерија“. Павлов изјави дека „ваквото празнување заедно со Српската православна црква во најмала рака е чудно, бидејќи Охридската архиепископија, како што МПЦ милува да се нарекува себеси, веќе е автокефална. Овде имаме пројугословенска пропаганда, која дефинитивно има антибугарска адреса“.

За професорот Павлов Охридската црква била „архиепископија на цела Бугарија. Актуелниот режим на РСМ оди по стапките на режимот на Никола Груевски. Целта е да се покаже колку се блиски Северна Македонија и Србија и колку Бугарија е источен сосед, кој е непријател и опасен. Охридската архиепископија е продолжение на Првото бугарско кралство. Василиј Втори не создал нова Црква – тој едноставно го сменил чинот на Бугарската патријаршија во архиепископија и го зачувал нејзиниот автокефален статус. Низ вековите се нарекува црква на цела Бугарија – така е во натписите и документите. Така пишувале византиските цареви, вака пишувале и српските владетели кога Македонија била под српска власт“, ​​изјави Павлов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ