вторник, 21 јануари 2025

Ангел Анѓушев: Во Брако покажуваме дека екологијата и економијата можат да одат заедно

Објавено на

часот

Сподели

Ангел Анѓушев, кој студираше на престижниот државен Технички универзитет во Виена, смета дека кај нас се уште постои перцепција дека екологијата и економијата се две спротиставени работи кои не може да коегзистираат.

„Во нашето општество постои перцепција дека високите еколошки технологии се нешто што постои само на Западот и во САД, но ние во Брако преку нашиот бренд Грин машинс докажуваме дека можно е еколошките и високи технологии да се применат и во уникатен македонски призвод кој е успешен и се извезува насекаде во светот“.

„Брако, преку Грин машинс, докажува дека еколошката приказна може да биде и добра економска приказна, преку отворање на нови работни места и производство и продажба на еколошки возила во над 60 земји во светот, кои се користат во сите светски метрополи, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Њу Јорк, Вашингтон, Сан Диего, Лондон, Амстердам, Париз и многу други“, вели Анѓушев во видео излагањето.

Проектот Живот во зелено (Green Life)преку серија на видео презентации и поткасти на оваа тема го реализира велешкиот портал Батали.нет, во соработка со продукцијата Тулип про, а е финансиски поддржан од Меѓународниот прес институт (International Press Institute – IPI) и Media Innovation Europe.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ