Славната американска глумица Анџелина Џоли, која во својот режисерски првенец „Во земјата на крв и мед“ ги оцрни Србите и ги прогласи за масовни убијци и силувачи, кон крајот на 1990-тите била во врска со М.Р. (39) од Белград, вели српскиот таблоид „Ало!“.
Џоли и Миша од Звездара, како што ова згодно момче го нарекувале белграѓанки, дури и живееле заедно неколку месеци во Америка, сè додека тој не ја оставил. По нивната разделба глумицата се омажила за Били Боб Торнтон. Врската на Анџелина и Миша била мошне бурна и завршила некаде за време на бомбардирањето на НАТО во Србија, во 1999 година.
Српската премиера на филмот е најавена за крајот на февруари. Останува прашањето дали сликата за злобните Срби ќе беше поинаква ако врската меѓу Миша и Анџелина потраеше подолго, се прашува „Ало!“. Наводно, Анџелина Џоли пред неколку години во разговор со група српски новинари била шокирана кога ја прашале за старата љубов. „Со широко отворени очи збунето го погледна новинарот и го праша: – Од каде знаете? Тоа беше толку одамна…“, завршува таблоидот.
Анѓа знае како љубат Србите!
Објавено на
часот