сабота, 27 јули 2024

Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на ЕРРА

Андријана Нелкова – Чучук, која е член на македонската Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, е избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика  (ERRA – Energy Regulators Regional Association) со мандат од 2024 до 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Регулатори од 47 земји, од пет континенти учествуваа на редовното годишно собрание на кое Нелкова – Чучук е изгласана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика ЕРРА (ЕRRA).

Лидерската функција на Нелкова – Чучук  доаѓа по извршување на два последователни мандати како член на претседателството на EРРА“, соопшти Регулаторната комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ