Како што веќе објавивме, музичарот Горги Горгиев од Струмица е меѓу 59-темина загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Горгиев беше тапанар на групата ДНК која ноќеска настапуваше во дискотеката кога се случи пожарот. За смртта на младиот музичар извести струмичкот градоначалник Костадин Костадинов.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 луѓе, а 155 се повредени.
За четири лица е распишана централна потерница, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Познаниците, колегите, роднините, пријателите… се простуваат со Андреј со познатата песна од ДНК „Ако утре ме нема“.