сабота, 11 јануари 2025
ВМРО-ДПМНЕ

Андоновски: Владата на СДС и ДУИ само ги полни автобусите за иселување на младите

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е една од ретките држави, ако не и единствена во која што 58 проценти на анкета на младите сакаат да се отселат од Република Македонија. тоа е една поразителна бројка, кажа тој.

Андоновски рече дека во разговор со неговите врсници причината за отселување од државата е поради немање на квалитетно образование и здравство, како и квалитетен живот за младите.

Во разговор секогаш кога прашуваме која е причината зошто сакате да се отселите од Република Македонија, истото ова прашање да го поставевме пред 25 или 30 години ќе го добиевме одговорот поради егзистенцијални причини. Но сега е од немање на квалитетен живот, поради руинирани студентски домови, немање квалитетно здравство, немаме квалитетно образование“, рече тој.

Андоновски на трибината објасни дека порано во државата доаѓале странски инвестиции и се отворале нови работни места, но сега младите се иселуваат и работат во истите тие странски компании, но во друга држава.

м

Ни беше ветено дека ќе се отворат Гоогле и Фејсбук, но за жал се отворија само вратите и портите и младите луѓе заминуваат“, истакна Андоновски и нагласи дека единствено што направи владата на СДС и ДУИ е полнење на автобусите и иселување на младите луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ