Андоновски се врати во Канзас каде што ги имаше најголемите успеси како тренер. Неговата задача е повторно да го врати тимот во борба за трофеи.
„Се враќам дома, но што е уште поважно, се враќам во организација која има јасна визија за патот по кој треба да се движи оваа екипа. Возбуден сум што ќе бидам дел од клубот“, кажа Андоновски.