понеделник, 6 јануари 2025

Андоновски: Испечатените електронски документи ќе важат како и оригиналите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека од денеска секој електронски документ од Националниот портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен.

Објавено на

часот

Сподели

„Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат. Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот.

Вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот на Националниот портал за електронски услуги.

Намален товар врз администрацијата и полесна достапност и ефикасност во обезбедување на административните услуги.

За сите неправилности се предвидува воведување на инспекцискиот надзор (ИКТ инспекција) над примената на законот. Со тоа се обезбедува јасни правила за контролирање на исполнувањето на стандардите и барањата од Законот“, соопшти министерот Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ