недела, 20 октомври 2024

Андоновски и САД со лесна победа стартуваа на Светското првенство за жени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Селекцијата на САД како и вообичаено е еден од фаворитите на мундијалите во женскиот фудбал, така и го почна настапот.

Ја совладаа селекцијата на Виетнам со 3-0. Успесите на Американките сега се посебно интересни и за нас поради нивниот селектор, Македонецот Влатко Андоновски.

Во првото полувреме Смит даде два гола, во тој дел од мечот Американките не реализираа и пенал. Конечните 3-0 ги постави Хоран во вториот дел.

На Андоновски во продолжение од Мундијалот му следуваат посериозни противници, следни се селекциите на Холандија и Португалија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ