сабота, 27 јули 2024

Анџелина шокирана: како може цела нација да верува во новинарско ѓубре?

Објавено на

часот

Сподели

Анџелина Џоли била вчудовидена кога дознала дека целиот Балкан зборува за нејзината наводна желба да ја укине Република Српска. Таа ја демантираше веста што ја објави српскиот таблоид Курир, а по која следуваа не баш пријателските реакции на Бата Живоиновиќ, Емир Кустурица и Милорад Додик. На својот официјален профил на Твитер Анџелина напишала: „Не верувајте во сè што ќе прочитате. Убиваат убави дрвја за на хартијата направена од него да печатат лоши вести“, а потоа додала „Дали е можно цела нација да верува во измислена приказна на новинарското ѓубре на Курир, заснована на лажен мејл од измислена личност?“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ