сабота, 27 јули 2024

Анџелина Џоли не сака да им попува на своите деца

Објавено на

часот

Сподели

Таа вели: „Не сум од оние мајки што им попуваат на децата. Но секогаш кога одам на некое патување, им кажувам каде одам и зошто одам таму. Некогаш и тие доаѓаат со мене во разни кампови за бегалци. Исто така, тие многу често одат во своите татковини.“
Медокс, Пакс и Захара таа ги посвои од Камбоџа, Виетнам и Етиопија, па едвај чека нејзиното потомство да го види светот надвор од раскошот и сјајот на Холивуд.
За списанието „Пипл“ таа изјави: „Се надевам дека тие го гледаат светот таков каков што е, надвор од Холивуд. Ако се дружат со пријатели низ целиот свет и од секакви видови средини, ќе ги гледаат нештата реално.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ