петок, 14 јуни 2024

Анџела Прајс Агелер ќе биде новата амбасадорка на САД во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Џо Бајден номинира нова амбасадорка, а како што соопштија од Белата куќа, станува збор за дипломатката од кариера Агелер.

Анџела Прајс Агелер е кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор во РС Македонија, соопштуваат од Белата куќа.

Агелер претходно службувала како заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Исламабад во Пакистан, а пред тоа привремен вршител на должност амбасадор во Пакистан.

Во биографијата на Агелер стои дека порано работела како министерски советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција; вршител на должноста главен заменик помошник државен секретар за Бирото за прашања од Јужна и Централна Азија и Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон; и заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија.

Во својата кариера Агелер работела како службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје, Македонија и обавувала други должности во повеќе земји од Азија, Европа и Африка.

Таа дипломирала на Универзитетот во Јута, а наведено е дека зборува француски, македонски и хинди.

По потврдувањето на нејзината номинација во Сенатот, Агелер ќе дојде на местото на Кејт Мари Брнз, која беше назначена за амбасадорка во Скопје во мај 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ