сабота, 27 јули 2024
Тренерот на Реал ги насмеа новинарите

Анчелоти со интересен коментар за новата бомба во светот на спортот: За 500 милиони и пеш ќе одам до Саудиска Арабија

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти излезе со интересен коментар по веста дека Саудиска Арабија креираше нова бомба во светот на спортот и за 500 милиони евра го донесе еден од најдобрите голфери на денешницата, Џон Рам.

Објавено на

часот

Сподели

Саудиска Арабија сака да се промовира преку спортот, па оваа година неколку звучни фудбалски имиња ја напуштија Европа и се преселија на Блискиот Исток за огромна сума на пари.

Кристијано Роналдо прв повлече нога откако му се укажа шанса да заработува околу 200 милиони евра годишно, а потоа многу други имиња како Бензема, Канте, Нејмар, Мане, Митровиќ, Милинковиќ Савиќ и Брозовиќ не можеа да одолеат на милионите кои им беа понудени.

Саудиска Арабија сега креираше нова бомба во светот на спортот откако го привлече еден од најдобрите голфери во светот, Шпанецот Џон Рам за 500 милиони евра ја напушта ПГА Тур и се сели во ЛИВ Голф првенството.

На оваа тема беше запрашан и Карло Анчелоти, а тренерот на Реал Мадрид излезе со интересен коментар.

„За 500 милиони и пеш ќе одам до Саудиска Арабија. Не треба да ми букираат лет, пешки ќе тргнам…“ – рече предводникот на „кралевите“ со насмевка на лицето.

„Се шегувам, секој одбира она што мисли дека е најдобро за него. Светот се менува, и ќе продолжи да се менува. Не ме изненадува ништо. Не пратам многу голф, колку што знам Џон Рам е еден од најдобрите“.

Запрашан дали и тој може да се пресели во Саудиска Арабија, Карло Анчелоти порача: „Никој ми се нема јавено. Живеам во реалноста, и таа ми се допаѓа. Имам други цели и идеи, никогаш не сум мислел на пари… Пораснав во семејство во кое на парите не им се придаваше важност. Имам спечалено доста, но парите не ми се најважната работа. Се чувствувам добро тука, и сакам да продолжам да се чувствувам добро тука“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ