„Кралевите“ со пресврт во второто полувреме ја добија пресметката против Браселона, Џуд Белингам го замолкна „Монжуик“, Англичанецот го комплетираше кам-бекот во 92. минута.
„Секоја чест за Белингам, да бидам искрен сите сме изненадени од бројот на голови што ги постигна. Особено голот што го даде од далечина, ретко се осмелува да шутира“ – вели тренерот Карло Анчелоти.
„Но Лука Модриќ е тој кој го промени текот на мечот, со него имавме повеќе контрола врз топката, Барселона не можеше да притиска како што сака, па затоа и Џуд беше толку ефективен“.