сабота, 19 октомври 2024

Анчелоти по новиот кикс на Реал: Јас сум виновен, јас треба да најдам решение, не фудбалерите

Карло Анчелоти ја презема одговорноста за лошиот старт на сезоната на Реал Мадрид, кралскиот клуб освои само бод на гостувањето кај Лас Палмас.

Објавено на

часот

Сподели

По три одиграни кола Реал Мадрид има само една победа, кралскиот клуб одигра реми со Мајорка и Лас Палмас, па полека се вклучува алармот.

„Не видов никакво подобрување од мечот со Мајорка. Не можеме да бараме изговори, мора да гледаме како брзо да напредуваме. Тимот не е добро балансиран, не ја движиме топката брзо, тешко ја враќаме. Треба да најдеме брзи решенија и мислам дека ќе ги најдеме“, вели Анчелоти.

„Јас ќе го најдам решението, ја преземам одговорноста. Проблемот е фудбалски. Кога не ја имаме топката, не сме компактни, оставаме простор меѓу линиите. Јас сум тој што треба да најде решение, не фудбалерите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ