петок, 14 јуни 2024

Анчелоти: Ова ми е најтешкиот освоен трофеј, страдавме, но никогаш не се предававме

Објавено на

часот

Сподели

Карло Анечлоти е првиот тренер кој стигнал до четири титули во Лигата на шампионите.
 
За овој трофеј да биде посладок, стои фактот дека Реал Мадрид на патот до врвот ги победи Челси, ПСЖ, Манчестер Сити и Ливерпул.
 
„Не ми се верува. Имавме фантастична сезона. Во првото полувреме се мачевме малку, но на крајот заслуживме да ја освоиме Лигата на шампионите“, вели Анчелоти.
 
„Оваа титула е најтешката која сум ја освоил некогаш. Се боревме со фактот што никој не веруваше дека можеме да ја освоиме. Креиравме добра атмосфера. Страдавме, но никогаш не се предававме“.
 
„Јас сум рекордер. Имав среќа да дојдам тука минатата година и да најдам како и вообичаено, фантастичен клуб со навистина добар состав со многу квалитет и ментален карактер. Сезоната беше спектакуларна“.
 
„Полесно е да ја освојуваш Лига на шампиони со Реал Мадрид отколку со друг тим. Има многу причини за тоа. Фановите се посебни, клубот е посебен. Пресреќен сум“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ