Димитриевски искусно изнуди црвен картон од Винисиус. Македонскиот голман го испровоцира фудбалерот на Реал Мадрид, тој наседна и доби исклучување.
Анчелоти смета дека двајцата требаше да добијат жолти картони, па најави жалба за црвениот на Винисиус.
„Не беше црвен картон за Винисиус и ќе се жалиме“, вели Анчелоти.
„Голманот го турна и Вини само одговори. Требаше да биде жолт картон и за двајцата и толку, тоа е тоа“.
Според некои шпански медиуми, Винисиус би можел да добие суспензија од дури четири натпревари.