сабота, 27 јули 2024
Лига на шампиони

Анчелоти: Да не правиме драма од овој пораз

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид не само што беше елиминиран, туку беше буквално прегазен од Манчестер Сити со 4-0. Никој не е навикнат да го гледа кралскиот клуб во вакво издание.

„Тоа што се случи вечерва, нема смисла. Понекогаш играте против подобар противник. Сега е време да се свртиме кон следната сезона. Нашиот противник заслужи да победи. Тие беа суперниорни. Ова е полуфинале од Лигата на шампионите и може да ви се случи ваков пораз. Мораме да учиме од поразите“, вели Анчелоти.

„Не треба да правиме драма. Овој тим одигра многу добро оваа сезона и ќе бидеме многу добри и следната сезона. Полуфинале во Лигата на шампионите е успех. Следната сезона јас ќе бидам тука и ќе се борам за нова титула во Лигата на шампионите“.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ