сабота, 27 јули 2024
Лига на шампиони

Анчелоти: Беше аут, технологијата го потврди тоа, не знам зошто ВАР не реагираше (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид не успеа да оствари предност по првиот натпревар со Манчестер Сити, одигра 1-1. Англискиот тим постигна прекрасен погодок преку Де Брујне, но на почетокот од акцијата имаше аут кој не беше досуден.

„Топката беше надвор од теренот. Технологијата го кажа тоа. Не разбирам зошто ВАР не провери. Судијата не обрна внимание на многу работи вечерва“, рече Анчелоти по мечот.

Технологијата на „Беин Спортс“ потврди дека е аут.

Што се однесува до натпреварот, Анчелоти е задоволен од својот тим.

„Добар, интересен натпревар. Ни беше тешко во првото полувреме, во вториот дел бевме доста подобри. Тие ја контролираа поседта во првиот дел, но ние добро ја контролиравме дефанзивата, потоа почнавме да играме со топката и да креираме шанси“.

„Треба да бидете мирни, да ја држите дефанзивно позицијата, да не одите лудо да притискате таму и да играте низок блок, и кога имавме шанса, го постигнавме првиот гол. Одигравме добро. Задоволен сум, имам добро чувство за реваншот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ