четврток, 24 октомври 2024
За време на посетата на Одеса

Аналена Баербок мораше да се засолни по сирена за воздушен напад

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, за време на вчерашната ненајавена посета на Украина морала на кратко да замине во засолниште во Одеса, откако се огласиле сирените за воздушен напад, пренесува германскиот неделник Цајт.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Баербок го напушти засолништето по петнаесетина минути, објави новинарката која известуваше за посетата на германската министерка на Украина.

За време на посетата, Баербок и вети на Украина натамошна поддршка, вклучително и испорака на оружје, но призна дека има потешкотии во набавката на оружје.

„Се разбира, сè што ќе испорачаме не е доволно“, рече таа, додавајќи дека „потребно е многу повеќе муниција, многу повеќе воздушна одбрана, многу повеќе артилерија“.

Баербок изјави дека Германија сè уште размислува дали да ѝ испорача оружје со долг дострел на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ