сабота, 27 јули 2024

Аналена Бербок и Питер Сијарто се скараа за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Според четворица дипломати, Германија и Унгарија се судриле за време на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел во понеделникот околу улогата на унгарската банка во руско-украинскиот конфликт.

„Бербок го прекори Сијарто затоа што одби да одобри дополнителна воена помош од ЕУ за Киев. Таа наведе и некои ‘нејасни изјави’ за унгарската ОТП-банка, обвинувајќи ја дека го прекршува меѓународното право“, истакна аналитичарот.

Баригаци нагласи дека Будимпешта ги отфрлила обвинувањата и изјавите ги нарекла невистинити.

Сијарто претходно најави дека Будимпешта планира да се изјасни против доделувањето на 500 милиони евра од Европскиот мировен фонд за вооружување на Украина сѐ додека ОТП-банка се наоѓа на списокот на „спонзори на војна“.

Претходно Украинската национална агенција за спречување корупција објави дека унгарската банка е вклучена на таа листа поради, наводно, повластено кредитирање на руски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ