недела, 22 септември 2024

Анакиев: Oткупните цени на пиперките мора да се почитуваат

Откупната цена на пиперките мора да се почитува согласно постигнатиот договор, изјави денеска на средба со производителите на пиперки, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Васе Анакиев. Тој кажа дека инспекторите од ДИЗ секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот на пиперката.

 

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Васе Анакиев денеска заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка. На средбата, како што информираат од ДИЗ се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона.

„Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство“, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, а пренесува Државниот инспелторат за земјоделство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ