недела, 23 јуни 2024

Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид и ја одбрани европската круна (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Финалето во белградската арена од самиот почеток беше неизвесно, борбата меѓу Ефес и Реал беше голема до последните секунди.
 
Во текот на третата четвртина Реал Мадрид дојде до највисоки девет поени предност, но како се ближеше крајот таа почна да се топи. Анадолу Ефес го сврте резултатот во последниот период и во една неизвесна завршница успеа да дојде до победа од 58-57.
 
Мициќ со 23 поени беше најдобар во составот на Ефес, кај Реал Мадрид, Таварес постигна 14 поени, имаше и 11 скокови.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Zwt2-bvXYuk autoplay:0]
 
Пред овој меч се одигра дуелот за третото место меѓу Барселона и Олимпијакос. Каталонците славеа со 84-74.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=YNRVTLyPUmg autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ