сабота, 27 јули 2024

Ана Брнабиќ е нова шефица на српскиот парламент

Досегашната српска премиерка Ана Брнабиќ е избрана денес за претседателка на собранието на Србија, во продолжението на бурната тридневна конститутивна седница која, со заемни обвинувања и навреди на власта и опозицијата, повремено беше на раб на физички судир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ана Брнабиќ ја предложи владејачката коалиција предводена од Српската напредна партија (СНС), со категорично противење на опозицијата, а за неа гласаа 153 од 250 пратеници на српскиот парламент.

Се гласаше јавно, со поединечно прозивање на пратениците, а опозицијата претходно ја напушти салата.

Во низата забелешки со кои се оспоруваше предлогот Ана Брнабиќ да биде претседателка на парламентот, опозицијата, меѓу другото, тврдеше дека за време на седумте години нејзин мандат на чело на владата јавниот долг се зголемил од 24,2 на 36,4 милијарди евра, а дека кредитите се зголемени од 6, на 12,6 милијарди евра.

Шефот на пратеничката група на СНС Миленко Јобанов кажа дека од опозицијата не се слушнале аргументирани критики кои би ја дисквалификувале Брнабиќ да биде на чело на парламентот, „бидејќи такви и нема“.

„Беше тоа само повторување на излитените фрази“, кажа Јованов.

Конституирањето на српскиот парламент, со потврдување на пратеничките мандати на новиот собраниски состав, почна на 6 февруари и по две одложувања продолжи во понеделникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ