сабота, 27 јули 2024

Амстердам: Едно лице загина откако падна во мотор на авион

Едно лице загина на аеродромот Шипхол во Амстердам, откако останало заробено во моторот на авион кој почнал да работи, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Инцидент се случи попладнево на платформата Шипхол, каде едно лице падна во мотор на авион и почина“, објави Кралската воена полиција во Холандија на социјалната мрежа Икс.

Аеродромот Шипхол изрази сочувство до семејството на загинатиот. „Загрижени сме за патниците и колегите кои беа сведоци на ова. Кралската воена полиција моментално води истрага“, соопштија од аеродромот.

„Истрагата сè уште не откри која е личноста“, изјави портпаролот на воената полиција за Ројтерс. Портпаролот додаде дека е рано да се каже дали се работи за несреќа или самоубиство.

Авионот веќе се движел кон пистата подготвувајќи се за полетување кога била откриена грешка на моторот. Портпаролот рече дека сите патници и членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.

Се претпоставува дека авионот бил во сопственост на авиокомпанијата КЛМ, која во соопштението навела дека околностите се истражуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ