сабота, 26 октомври 2024
Состојба на патиштата

АМСМ препорачува внимателно возење на делниците каде што се одвиваат градежни работи

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на граничниот премин (ГП) Табановце за влез и за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од настанатите поплави на 14 јуни во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

Почнувајќи од 8 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20 мај 2023 година на патниот правец “Државен пат А3, делница: Буково – Охрид, подделница Буково – влез во Охрид” ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот “Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково – Охрид, подделница Буково – влез во Охрид”. Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29 февруари 2024 година.

Од 14 јуни 2023 година трае проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец се одвива непречено, со ограничување на максимална брзина до 30 километри на час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208 на кој е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ДТГ Жикол Доол извести дека од 10 мај 2023 поради вршење на градежни активности на делницата Струмица – Дабиље, е поставен времен режим на сообраќај.

Од 8 мај 2023 година започнаа градежни активности на објект, поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје – Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје. На трасата на која се изведуваат градежните работи има времен режим на сообраќај.

Од 26 април започнаа градежни активности на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, па затоа целосно е затворен автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

Почнувајќи од 6 март на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од ДГТ Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80 километри на час во зона на градилиште. Режимот ќе се применува сѐ до целосна изградба на новата клучка Градско.

Од 3 ноември 2022 година започнаа градежни работи на Државниот пат А4, делница Блаце – Скопје.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од село Требеништа – Охрид од 13 октомври 2022 година се воведува изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до село Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до село Блаце, на 2 километри пред граничниот премин Блаце од 17 јуни 2022 година на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од 5 април 2022 година се изведуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар. Сообраќајот се одвива наизменично и е регулиран со семафори.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење, информираат од АМСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ