Манчестер јунајтед на Спортинг ќе му плати 10 милиони евра за ангажман на Аморим, плус милион евра за неговиот стручен штаб.
Спортинг побарал Аморим да остане за важните натпревари против Манчестер Сити во ЛШ и Брага во португалското првенство, добиле позитивен одговор од Манчестер јунајтед.
Договорот е Аморим да го преземе кормилото на Јунајтед за време на паузата за репрезентации во ноември, а дотогаш Спортинг има уште три меча, деулите се Естрела, Манчестер Сити и Брага.
Ова значи дека и Руд ван Нистелрој ќе го води Манчестер јунајтед до ноемвриската репрезентативна пауза.