понеделник, 3 март 2025

Аморим со зајадлив коментар му одговори на Руни: Затоа со 40 години сум тренер на Манчестер јунајтед

Рубен Аморим реши да не премолчи и веднаш му одговори на Вејн Руни, вели дека лесно е да се биде стручен коментатор и во денешно време сите се прават како да знаат се.

Објавено на

часот

Сподели

Вејн Руни изминатиов викенд беше стручен коментатор на натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам во ФА Купот, и даде свое видување за изјавата на Рубен Аморим, кој порача дека целта е „ѓаволите“ да ја освојат титулата во Премиерлигата.

„Мислам дека е наивно да се каже дека нивната цел е титула во Премиерлигата ако ја погледнеме сегашната ситуација, далеку се од тоа“ – рече легендата на Манчестер јунајтед.

Рубен Аморим реши да не премолчи и веднаш му одговори на поранешниот напаѓач.

„Тоа е целта, да ја освоиме Премиерлигата. Наивен ќе сум ако мислам дека ќе ја освоиме оваа сезона, или пак дека ќе бидеме помеѓу главните кандидати следната сезона“ – вели Португалецот.

„Знам дека во денешно време сите се прават како да знаат се. Бев стручен коментатор кога ја завршив кариерата и знам дека е лесно да се даваат вакви изјави“.

„Но нашата цел е освојување на Премиерлигата. Можеби тоа нема да биде со мене, но клубот, бордот на директори имаат за цел титула во Премиерлигата, како што ја освојуваа во минатото со тие сите славни легенди на овој клуб“.

„И не сум наивен со ваквото размислување, поради ова размислување сум тука, со 40 години сум тренер на Манчестер јунајтед“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ